Жената на трговецот минуваше од устата до уста, разголувана и сакана.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доаѓања и заминувања на блиските и саканите. Особено заминувања. Од тоа се состоеше животот на Х. И малку солзи. Секогаш ги имаше по заминувањата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јас не си припаѓам на себеси, а на делото, коешто беше цел и смисла на мојот живот - да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата ценета и сакана Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)