Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку отворена и смела младост имаше во неа! Незаборавна младост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така им било пишано на овците - да станат умни и смели односно да живеат во централните паркови во градот. Овците од Торино!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но играта беше и повод да си прикажуваат за нивните балкански алови, без страв дека отворените и смели зборови ќе поминат преку тарабите на куќата крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но Толевата слава и смелите подвизи како да ја засенчуваа Организацијата, та кога се појави четата на Петре Ацев, брат на Гога, селаните ја пресретнаа со извесно сомнение, дури и подозрение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)