17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во разговорите што ги водел со највисоките југословенски политички личности и со намесникот, кнезот Павле Караѓорѓевиќ, Донован бил многу јасен кога истакнал дека Кралството Југославија не ќе може да се надева и да смета на помошта на западните држави ако пристапи кон Тројниот пакт и во таков случај нема да го преживее крајот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)