Бујрум, повели, седни, добре ми дошол! — го покани Петруш Стевана и го распраша за сите живи и умрени Гудјаковци и веднаш се фати за цедилцето и почна да се чуди: — Види, види!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Онаа нервоза што ми ја предизвика жената ми се враќа со уште пожесток налет и си велам самиот себе си: што не си се вратиш да си умираш во постелата туку и умрен не престануваш да правиш глупости.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)