Со Ангелета многу се изнамачив. Беше во жетвата, жниевме ’рж, време осилаво и усвитено, земјата пука. Скакулци бегаат пред српот, а ние жниеме со Јона.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си го капеше своето лице во таа богата синевина, ги собираше со својот поглед сите нејзини заискрени и невидливи бели прашинки виделина, а еднаш можеше да го открие таму и сосема синиот и усвитен и полн круг на зимното сонце.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)