и (сврз.) - хармоничен (прид.)

Тоа остана само како слика на еден изгубен рај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука владее позитивна и хармонична атмосфера; како сите да се надувани.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Патуваат всушност женските јагули, по долгиот мирен и хармоничен осумгодишен престој во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хјустон е град на нафта. Бушотините и луѓето живеат заедно, во целосна слога и хармоничен соживот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)