и (сврз.) - вака (прил.)

Јас пазари вака и вака ќе работа вој месец, ќе ми платиш на месецот и ако не ти чини ќе си ода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука започна нашиот крај, скончанието мое духовно. И вака би тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДЕПА: Море, ние немаме касмет, вака сме се родиле и вака ќе се искинеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лежеше на смртна постела Ефрем Ефремов и вака им зборуваше на пријателите: „Се наведнав да се напијам вода од кладенецот, близу до лозјето мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едно утро, Нуне Волта побарал прием кај командантот и вака му рекол: - Јас друже команданте, можам на вас и на моите другари соборци и на нашите непријатели да му покажам и докажам што можит поезијата, што можит поетската реч.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се враќа Пецоица дома и прааво кај Пеца. Вака и вака, ја изеле арамиите мисирката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И нагаѓаат едни: така и така, други: вака и вака...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вака и Ѕвездан ги вртеше очите, велам, и вака и тој молеше со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иди право на мене и ми вели: вака и вака. Јас в земја да пропаднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вели: - „Жална мајка и на мртво дете се радува“ , велеше Лазор Ночески и му кажавме на босот: вака и вака: О л ’рајт штом е така - одете, ми вели, оти многу не сакаше дека не му забушававме, ама патот не е одовде донде, преку широка вода оди патот, ни вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И одам го извикувам, Му кажувам: вака и вака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден селанец претрчува до војводата и му кажува: вака и вака. --Вистина? Вистина!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Проштевај, драг пријателе, што ти идам ненајавен и вака доцна. Но повеќе не можев да издржам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И вака и така си присутен целосно мој....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Му велам, вака и вака, коски и черепи најдов горе в планина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овие словенски букви и вака треба да се пишуваат и изговараат: а, б, в дури до о и тие се 24 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најдо помисли и вака му одговори: - Навистина на мака си, ма си изел што не се јаде и сега ќе тргаш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молеше за здравје за сите дома и за роднини и пријатели, за бериќет и спокој, а потоа отвораше книга и вака се крстеше и почнуваше одново да се моли: - Оче наш, иже еси на небесах, услиши молитву мојy, внуши моление мое во истиња Твоеј, услиши мне в прaвдје Твоеј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми иде само да одам и да викам: ,И вака не чини, и така не чини, и вака не чини, и така не чини".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го прашуваат еден калуѓер, а тој им вели: Вака и вака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар можеше вака и вака, вели и очите ги врти ко лупени јајца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Вака и вака, вели и ми го зема лончето за чај, ме води кај цевките за парно затоплување, прескокаме преку жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И вака не чини, и така не чини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И да се прекрстам, и вака да си ја покријам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)