Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стаорец! Олкав, мајка му, олкав, ѓаволскиот! - болно рече Кузе и двапати измери на ѕидот со педата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дедо се сврти лево-десно и откако се увери дека никој не го гледа, чукна повторно, но овој пат двапати посилно и двапати послабо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)