За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знаел: ниту постои објективен опис
на стварноста, нити може да биде објективно
она кое е бесконечно и лично.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но тогаш Кејтен на масата имаше прилика и лично да го види побелениот мустаќ на Јосиф и дури сега ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Меѓу посетителите во салата на театарот бил Георѓи Парванов (покрај многуте актери и пријатели, блиски и непознати наредени во долга опашка за да ѝ ја стиснат лично раката на Стојанка), тој се искачил на сцената и лично го честитал роденденот на големата актерка“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со тоа, Гемиџискиот кружок, иако подоцна, се збогатил со еден повозрасен, бестрашен и искусен член што имал доста врски со Револуционерната организација, како и лично со Гоце Делчев и Даме Груев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Орце, кој добро го познавал Мечето, неговата недоверчивост и скептицизам, решил да оди во Перник и лично да се сретне со него.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)