и (сврз.) - навредливо (прил.)

Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војничето се лутеше и,пцуејќи гласно и навредливо, ја клоцаше по мевот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ова е претерано и навредливо. Зборувам како што мислам. Посебно ако ми падне на ум добра слика.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)