Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Неколцина се побуниле: малку спиеле, зошто и ноќта да не си поспијат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му ги измивме и посатките, му ја изметовме куќата, му суредивме, му сторивме. И ноќта некако ја преседовме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пак неговиот здив ќе им ги кине жилите а истинатата крв ќе се згрутчува околу коските и ќе ги морничави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)