музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Филозофот се согласи и потем побара да го повикаат и Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, јас немав намера да излегувам надвор, освен по сексуални потреби и храна: ќе купев нешто за јадење, ќе се најдев со некоја проститутка, и потем се враќав дома, под малото небо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А Лествичникот, кој цело време беше на штрек, како едвај да чекаше да си одиме, рече: „Малку повнатре со клучот, и потем силно десно“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одеднаш Луција почна да се смее. Се смееше хистерично; се потпре на моето рамо, и потем се смееше до бесвест; кога се созеде, рече дека никогаш не слушнала посмешно нешто.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не“, рече логотетот. „Не можам. Не смеам“. И потем излезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така рече, и потем се зафати повторно со препишување на записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го прашав Земанек дали го чувствува истото кога го вдишува тој мирис на лакот; тој кратко рече: „Труе.“ И потем пак одевме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И рече: „Повнатре со клучот, и потем силно, десно’, како секој ден да ја отклучува!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем ја спушти слушалката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тој миг Фисот го грабна мојот есеј, го искина на парчиња, и потем ми се доближи; ме фати за коса и ми го турна клопчето хартија во устата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сите се свртеа со грб, испишаа на листовите што испишаа и потем ги спуштија во кутијата на одлуката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа вечер, кога се опив, ѝ раскажав на Ина сѐ за Луција; таа ми ја зеде главата во скутот и потем долго ме тешеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Луцијо, ѝ реков. Веруваш ли во реинкарнација?“ Таа гледаше во мене долго, и потем рече: „Мислам да.“ „Мислиш или веруваш?“, прашував. „Не знам“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој ме погледна изненадено, и потем рече: „Секој умножувач свој дах му вдахнува на секој следен препис, своја топлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На вратата, Филозофот ми ја подаде мене свеќата (значеше тоа дека го беше забележал ситниот гест со кој Лествичникот одби да му ја носи светлината при влезот), и потем се обиде да заклучи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дојде, седна до мене и потем долго гледавме во реката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем гласот исчезна, а ние, тресејќи се од силен страв, полегнати на земја, видовме како огнот повторно вивна, како почна да ја голта штичката, како таа почна да чрчори; но одеднаш, слушнавме и гласови многубројни, пискотници и лелекања, како живи луѓе, човечиња мали да се спалени на кладата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чувствував дека тонам; сонцето беше сосема ниско паднато во пејсажот, и сите нешта беа обоени со сосема чудни, невообичаено згаснати бои; како да висеше нешто во воздухот, некаков електрицитет; чувствував и некаква телесна возбуда; во еден миг го повлеков Лудвик кон себе и потем долго се бакнувавме на пругата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем заминавме секој во својата одаја. Како сега гледам: одиме, секој по својот пат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Камче по камче ја разурнувам вселената, ја кршам како огледалото на царот што се скрши, и потем нова сочинувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Логотетот потстана, нѐ изгледа од сите страни и потем рече: „Господе! Каде бевте сето ова време?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отците ги собрале буквите од под покривката, ги положиле во едно ковчеже, и потем го сохраниле во дворот на црквата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја зеде тетка си под рака и потем се изгубија во толпата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем Филозофот го извади клучот, стар, голем и страшен во запците: како заби на некое сподобие што голта тајни и ги чува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем почна да го откопчува шлицот, господине судија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем чекав. Ништо не се случуваше, цела седмица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Утре ќе заминам да ја видам Лузија Земанек, да го земам она што е мое а што остана кај неа, и потем ќе се оддадам Богу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од првиот ден, кога влеговме во училиштето, од првиот клас, ѝ ставив до знаење дека ја сакам. Ѝ напишав песна; таа ја доби (на часот по биологија), ја прочита, се вцрви и потем го стутка листот и ми се чинеше дека сака да го сокрие, да го голтне, да го снема.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем отидоа пред куќата на Павел Земанек; извикуваа гадости за татко му, велеа дека бил предавник кој го напуштил родот, го оставил семејството, и дека на син му, Земанек, ќе му ги пребојадисаат јајцата, поколението негово; и потем исчезнаа, со некоја новокомпонирана народна песна низ улицата, кон некоја нова адреса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем сите книги повторно можат да бидат сочинети од она што спасено е, од зрното на писмата и словата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој беше наведнат врз мојот стомак; со палецот го беше затворил отворот на шишето толку колку од него да капе по некоја капка; сипуваше виното во мојот папок и потем пиеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Логотетот гледаше стрештено во Филозофот. Не му беше јасно со каква едноставност и спокојство Филозофот раскажа за собитието, како да раскажува како ја отворил вратата, влегол во одајата и потем повторно ја затворил.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И додека јас се молев за него, тој се прекрсти трипати, се помоли Богу пред вратата и потем ја отклучи клучалницата и влезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем, низ пејсажот се рашири мирис на цимет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Филозофот погледна во чудното сочинение на масата, се насмеа; за првпат откако го видов, се насмеа и потем рече: „Сочини препис на ова.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко само се насмевна на комплиментот и потем го воведе Камилски во царството на своите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)