и (сврз.) - речиси (прил.)

Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И речиси секогаш, по прелетувањето на жеравите кон југ, доаѓаше студ, паѓаше снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Настапи штама. Луѓето очигледно беа и вчудовидени и речиси исплашени зашто, по пауза, Стамен Мивката рече: „Луѓе! Ако е ова вистина, којзнае што не чека!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Одев, влегов во скрипториумот и речиси ќе снеможев кога видов: на масата за препишување, точно крај неговата лева рака, стоеше негибната, ниту начадена дури – штичката што говори, а што пред малку ја спаливме ние, безумните браќа и ближни негови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И за Претседателот, постоеле и времиња, кои и го барале тоа, во кои наеднаш било разурнато сето наоколу и на прв поглед се чинело дека тие линии, секогаш и премногу бргу, и премногу видливо, оделе една кон друга, взаемно стремејќи се и речиси се слевале, но всушност никогаш не било така, секогаш наново тоа во еден миг можеше да биде откриено и сега јасно можеше да биде здогледано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овде не живее никаква Рада. - само одмавна со главата и речиси пред носот му ја затвори вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме честеше мене и речиси цела кафеана со шампањско.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Излезе во паркот и речиси во секунда ја испуши цигарата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На зарамнетото расте трева и речиси никој не си споменува дека некогаш тука имало споменик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нејзината отвореност беше мала, кружна и речиси ненаметлива - слично на дупчињата за антена кои татковците ги прават со позајмени алатки, не сакајќи да повикаат мајстор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И речиси во истиот момент трас !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стануваше од клупата затоа што болката во коските беше неиздржлива, а потоа повторно и речиси веднаш седнуваше, затоа што беше премногу зашеметен за да може да се држи на нозе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ох, навистина? Добро“, рече таа, без многу интерес и речиси веднаш потоа клекна до печката за да направи кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама на Илка сонце му грее! Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајче ја грабна мајка си за рака и речиси ја повлече.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш една ноќ после долгото патување по разбрануваното море на љубовната авантура ја прашав Катерина, (навистина ја прашав); ѝ реков: „Ти ако беше Ева, замисли си ти ако беше онаа дамнешна пра пра убавица Ева, и ако знаеше дека она што го вложуваш во безграничната игра на нашите тела ќе биде причина да нè избркаат од Рајот, дали ќе се откажеше од играта!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Помина случајно дедо Петко со магарето товарено дрва пред него и тој со една ластегарка на плеќите и фатена со двете раце од назад и речиси од тукутака, колку да ни проговори, ни рече: - Што правите тука бре обесеници?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се реши да продолжи со рамнодушноста и речиси потамина: „Па ние сме сите оковано ставени во служба на загадувањето на човечката околина“, со изразита рамнодушност рече Едо Бранов и продолжи: „Без исклучок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Излегува мајка од дома: обула некои влечки набосо, ја врзала шамијата под гуша, и речиси, од место подлетнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над дрвото му висат поткинатите реси од месото, расчешани и речиси светнати од триење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очајував за прекрасна врска и такви некои бајки за кои сонува секоја девојка на дваесет и речиси три полни години.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Патувањето било мошне тешко. За сето време осудениците биле оковани (врзани со синџири за нозе и врат) и речиси неподвижни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)