Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Знам, знам – ме прекина Игбал, не треба тоа да ми го кажуваш. – Значи, бидејќи на моето „ѕвонење“ ти не „одговараше“, јас решив да бидам крај „телефонот“ и внимателно и стрпливо да чекам да ми се јавиш. И, ете, дочекав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти „ѕвонеше“ упорно попладнево, јас слушнав и тука сум. Гледаш, разговараме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Така мислеше дедо Геро и стрпливо ги слушаше обвинувањата на децата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)