и (сврз.) - студено (прил.)

И пак нешто го стегна во градите, нешто тврдо и студено, стопоти, го жегна како болеж.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На слепоочниците ѝ избиваа модри жилички и го тераа и неа да ја замислува бледа и студено вкочанета.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега сме пак на старото место, ама само во кујната. Мокро е, тесно и студено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Врз танките сребрени конци блескаат бисери роса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брзо го зедовме патот до Братислава. Времето беше без снег, но облачно и студено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Погледнав кон црквата. Околу неа тремовите изгледаа празно и студено. Кога има луѓе, се стоплуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)