и (сврз.) - физички (прил.)

Понекогаш, дури заборавам сѐ што е реално и физички опипливо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Правеше максимални напори да му ги намали болките.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа овие сомуни леб и сирењето ги хранеа нашите сужни и физички и духовно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брз, импулсивен, по малку конфликтен, а имаше душа да го собере целиот свет. Работлив, темпераментен и физички многу јак.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги доживуваше границите, може да се рече, и физички и метафизички. Беше постојано обземен од нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)