По некој јазол од цврсто испреплетените јажиња, меѓу јаремот и цврсто стиснатите раце на Петар.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Велиш, Цигани, вакви, онакви... Ама тие, ене, гледаш, чесно и цврсто го држат адетот...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
По нив се доближи до нискиот тезгав, кој од двете страни свршуваше со по еден дебел и цврсто вкопан носач на бичкијата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Значи тесно ја ткае животот, си мисли, тесно и стишно, па затоа ткаеното е тврдо и цврсто, не налегнува на снагата, туку бара снагата да се прилагоди на ткаеното.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Деконструкционистите покажуваат дека секое верување, дефиниција и цврсто стојалиште токму минуваат низ кризата од различни и арбитрарни интерпретации.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А одовде може да се оди само кон други интерпретации.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се поместив наназад затоа што од грчевитите притискања и тегнења на тетка Олга наоколу летнаа неколку капки, а кога го спуштив долу погледот, видов како влагата се шири по теписонот во вид на темна трага, го опфатил просторот под босите прсти на тетка Олга, а тргнал и накај мене со намера да ми ги натопи стапалата, па се повлеков на сигурна далечина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сѐ што беше на менито пак беше од кокошка, и овојпат беше густо и цврсто, неповолно за мојата и онака измачена столица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Пак нешто се занесуваш: да полетам како птица... како облак бел... вјавнат на коњ со бела грива - и што ти не!“ се подбиваше Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Слегувај од висините и цврсто зачекори, братче.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми се пристори, со прстиве би го допрел она парче небо високо и сино, наѕирнато меѓу листенцата од двете тополи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Чанга чекореше тешко и цврсто. Кога ќе го слушневме крцкањето на дрвените скали и на басамаците што водеа до татковата соба, ние знаевме оти доаѓа Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како и мнозинството и тие слегнаа со рамениците на таа глупост, и цврсто стоеја на брегот за да не бидат од Судбината турнати во неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Потрча по патот, што беше разорен од бомбите, кон нивите, низ плиткиот поток, без да се осврне назад, а раката му беше вовлечена под капутот и цврсто стисната.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)