Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Настанети на Чауле, заради прегледноста, бездруго имале задача ако не за да пазат на патот од Стоби за Хераклеја, тоа себеси да се пазат од честите завојувачи кои, по него, по патот, нагрнувале на југ, спрема Битола и спрема Солун, и оттаму, по Виа Егнација и по море, спрема Азија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои не сакаа да го предадат оружјето, иако им беше објаснувано дека ќе биде дадено на чување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оној кој пречи, господинот Невил, човек што дури не му ни припаѓа на високото друштво, нема да може долго да биде безочен, иако ни оние што ќе го убијат не се баш некои господа иако им се соучесници на селските благородници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жал му беше да го сече тоа крувче, иако им држеше
сенка на околните лози.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Иако им се восхитувам на делата на Пол Вирилио, истовремено мислам дека во нив постои едностраност во која можат да уживаат некои академски француски филозофи, бидејќи не се соочуваат со прагматизмот на светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Станаа и другите, иако им се седеше уште да ја гледаат Бојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)