Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оваа сума беше зголемена за затезната камата, а во поглед на парничните трошоци, откако нивниот полномошник изречно не побара трошоци (!?) беше донесено решение – секоја странка сама да си ги сноси своите трошоци, иако тие успеаја во спорот и го добија во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За маниристичкиот „поредок“ Некаде околу 1580-та новите елементи на знаењето од настанувачката природна наука почнуваат да го потиснуваат повеќезначниот свет на тнр. magia naturalis, иако тие два света, експерименталистичката научност и магиско-природофилозофски концепт уште многу години по 1660-та интерферираат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со пресудата МЦ, како тужен работодавач кој го изгуби спорот, беше задолжен – во рок од 15 дена по правосилноста – на секој од сопарничарите да му исплати сума во вкупен износ од 63.100 МКД (1.035 ЕУР) на име незаконски скусена патарина, и тоа за период 135 од вкупно 17 месеци, односно скоро за година и пол по околу 60 ЕУР месечно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)