„Џуџето Муртко“ – си дофрлаше секое утро во огледалото иако ѝ беа доволни само три часа добар сон, весело да запретка во постелата, дури и кога утрото е студено како зимска ноќ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Репликата, иако ѝ е дадена природа на редимејд, не мора да значи дека е и веродостојна копија на оригиналот; некои реплики прават варијации во дизајнот на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во одредени случаи репликите се направени од друг уметник, но за време на животот на Дишан и со негово одобрување и авторизација (како што се делата во едицијата на редимејдите што ја изработи Артуро Шварц).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Стои тука до неа и сака да ѝ седне во скутот, но таа е решена тоа да не го прави иако ѝ жал за детенцето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но оттогаш, ниту ѝ се јави, иако ѝ го побара телефонот, ниту се сретнаа повеќе.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Иако ѝ беше најтешко да се навраќа на судбоносните настани што следеа, додека беше во домот на родителите на Хелвиг, Марија намерно, свесно сакаше да длаби по нив, да ги разглоби до најмала ситница.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Е, тоа беше страва, да ти ‘бам!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Морате да одите!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ДАГЛАС КАРТЕР БИН: Кога работев на Занаду, стана јасно дека зборот камп сѐ уште се употребува за да се отфрли нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Луѓето сѐ уште велат дека претставата е премногу геј, иако ѝ се обраќа на широка публика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ГЛЕН МАРИЈА: Го гледав Циганка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)