И се разбира дека ослободувањето на геј-луѓето од општественото угнетување, како и растурањето на некогаш универзалниот консензус за темелната патологија на хомосексуалноста, кои служеа да го оправдаат тоа угнетување, претставуваат апсолутно значајни многу обемни и неверојатно брзи промени, за чие значење не може да се претера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна.
Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа за многумина навистина го претставува токму тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, геј-движењето (како што тврди Дејвид Алдерсон) можеби е единственото прогресивно општествено движење од 1960-тите кое надмогнало, кое си го консолидирало успехот и кое остварило некои од своите најнеизгледни цели (како што е геј-бракот) – и покрај подемот и, најпосле, победата на Новата десница во изминативе триесет и пет години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)