Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ако има стража, или двајца или четворица се.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои се иронични, некои патетични, некои весели или разуздани, трагичари или педанти, некои зајадливи и куси, други преопширни, еден или двајца се генијални.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навистина, еден или двајца од нив имаа елементи на поезија, во начинот на дотерувањето и во своите карактери, кои повремено се откриваат во сликовити фази, со свежа и оригинална реакција кон нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако било се толку чисто и безгрешно зошто тогаш едниот од нив, или двајцата, се поколебале?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кој бил тоа?“, се толчев јас со прашања, со прашања, а притоа бев уверен дека одговорот е многу, многу далеку, веројатно недостижен!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И двоколката со волето негово ќе ја вратам в село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- А Пецо Даневски? - Не ќе ми тежи. Еден или двајца - сеедно е.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бидејќи целото село беше заинтересирано за оваа работа, овој пазар речиси од секоја куќа имаше по еден или двајца луѓе кои тераа на пазар по еден, два, па и повеќе добитоци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Покрај секој добиток, или група добици, стоеја по еден или двајца пазачи и одговараа на прашањата од муштериите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Загледана во џебот, почна да го кажува расказот: „Изгледа толку страшно да се остане стар ерген, да се остари во борбата за сочувување на достоинството додека молиш за прием кога сакаш да ја поминеш вечерта со луѓе, да бидеш болен и од аголот на својата постела со недели да ја гледаш празната соба, секогаш да велиш ‘добра ноќ’ пред излезната врата, никогаш да не брзаш по скалите со својата жена, во собата да имаш само споредни врати кои водат кон дневните соби на други луѓе, да мораш да им се воодушевуваш на туѓите деца не смеејќи да повторуваш: ‘Јас немам деца’, да го обликуваш својот изглед и однесувањето според еден или двајца стари ергени кои ги помниш од твојата младост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа така ќе биде, само што во стварноста, и денес и подоцна, ќе стоиш тука, со опипливо тело и стварна глава, па, значи, и со челото, за да удираш со раката по него.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја ѕидаа со прекини: кога ќе зафатеа дождови, лошо време, снег, или кога едниот од нив или двајцата ќе се разболеа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)