или (сврз.) - осум (бр.)

Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како одамна кога имаше шест или седум или осум години, тој човек, сега бел, подгрбавен и очаен од необјаснивните стапици на судбата и од далечните тајни на сувиот бунар од неговото детство, попушташе со секој нерв и во секој зглоб пред своите визии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бев малечка, не паметам точно, можеби седум или осум години.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заедно растеа, заедно во едно лето пред седум или осум години ги откриваа убавините и привлечностите на планината, трчајќи, скокајќи по ритчињата и полјанките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Има шест, седум или осум милиони жители, во зависност у кои граници се рачуна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тие режираат сцена, ставаат актери во внатрешноста на декорот и снимаат тотал сцени - то ест дијалог - на шест или осум различни начини - менувајќи ги аглите на снимање: од напред, од страна, од горе итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Илјадници селани од околните и подалечните македонски села заедно со седумте или осум илјади партизани на ДАГ цели седум месеци копаа ровови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имав само малку време да создадам впечаток за него бидејќи веднаш раздели извесен број на сини пилули, пет или осум, не се сеќавам веќе, со по чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Големото тркало со шуплива внатрешност кадешто Боб ќе живее шест или осум месеци, тргнувајќи потоа кон месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)