Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но, ако правилата не го дозволуваат или бараат тоа, ако задоволството е забрането или презрено, тогаш тоа ќе биде жртвувано за некои вредности поставени повисоко во хиерархијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Исто така, Ели во целото тоа време прашуваше: - што е ова, што е она, или бараше: - Дај ми го ова, дај ми го она.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Брз си на рака, синко. Запрегите ќе ги води Онисифор. - Кој?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад се драпал со десната рака под мишка или барал дршка на краток нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако го видеа расположен, зафаќаа разговор за козите или бараа нешто да им прочита за нив од татковите книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не сфатив дали порачала или бара да порачам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Командантот беше упорен: „Да не губиме време во сентименталности, со митралезот, горе, а вие, госпоѓо, или во подрум со децата или барајте друго чаре!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)