Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Само едно старче седнало спрема нив во првиот ред, да не се знае дали посматра или дреме.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По ручекот седеше во својот лигештул, со весникот преку лицето и радиото до увцето, при што не се знаеше дали чита или дреме, зашто скокаше при секој невообичаен шум.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)