Ако пак си зажеднел, или огладнел, на висина од 115 метри е сместен еден од најмодерните рсторани на Изложбата, каде што можеш да испиеш студено белгиско пиво, кока-кола или добро да се најадеш, а при тоа од тркалезните прозорци да уживаш во панорамата што пред тебе се протега: одовде со поглед го опфаќаш сиот Брисел, во далечината окото ти стига до Ватерло, а сета Изложба како да ти е под рака.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)