Или сакате само да разгледате наоколу?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ми кажа или сакаше да ми каже: “Јас дури сега знам дека не те познавам. Ниту ти мене.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во еден момент помислив дека можеби мојот началник се надева, сосема природно, да покажам љубопитство или сака, низ бавниот и банален тек на разговорот, да го испровоцира тоа љубопитство, но искуството ми зборуваше дека не смеам да паднам на таквиот испит.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Мене ми е од овие грди луѓе што ме натепаа или сакаат да ме натепаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Си влегуваше во кафезот кога му се јадеше, му се пиеше вода или сакаше да предреми.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Или сака да плаче. Не знае.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дали уште не веруваа или сакаа нешто да прашаат?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Обвинуваш на невидено – му велам на Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ти како и јас, забораваш на Господа кога си покрај жена - ми префрла или сака да ме исмее, иако се чини без некоја зла намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или сакаш да им ја фрлам в раце на измеќарине како шејтанов курбан.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ќе каже. Ќе ја сечам и ќе проговори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Само тоа воле го имам, рекол Орлен Шумков. - Волето пак ќе ти остане, се обидел да помогне Онисифор Проказник. - Или сакаш да се здружиш со друг?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тргни се додека не сум го извлекла секирчето од нарамников. Или сакаш да ги повикам сосеткиве со сукала и со пиралки?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Сакаш да зборуваш, сакаш да пееш, сакаш да пишуваш или сакаш да носиш шрафцигер зад увце?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Всушност сака да му помогне на татко ти, или сака да го оправда своето однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
г).
Црна,
студена и бистра
како твојот поглед
сведочи дека
законитостите на дијалектиката
се очевидни
или
сакам да кажам
твоите очи
ги објаснуваат
моите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По мала Богородица дојде еден сапотничанец и побара да биде примен во четата. - А што те натера, го праша војводата, дали имаш некој убиено, или сакаш некого да убиеш?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)