И тогаш, на крајот на денот се прашуваме, Kein mensch ist Illegal (никој не е нелегален)?
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Си се восхитуваме ли од далеку, или сме само далечни?
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Или сме сите ние едноставно осудени да бидеме нелегални?“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
А сепак: иако релационото гледиште минало низ долготрајна подготовка на многу места и иако пронаоѓањето на електронската меморија може да се опише како еден од резултатите на ова подготвување, не може да се порекне дека само праксата со оваа иновација е она што нé принудува да се откажеме од традиционалната идеологија за едно цврсто јадро (што го поседуваме или сме самото тоа) - односно од постварувањето и сакрализирањето на нашата способност да складираме, обработуваме и пренесуваме стекната информација.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе споменатиот нобеловец би рекол дека за да ја донесеме одлуката на кој од овие три побарувачи би требало да му припадне театарот, ни треба теорија која ќе не оспособи да заклучиме дали со некое наше дејствие сме поблиску до правдата или сме подалеку од неа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)