Хајнерле не ја помнеше мајка си. Софи Фројд Халберштат умре кога тој имаше тринаесет месеци; ликот ѝ го знаеше според фотографиите кои ги направил татко му, а слушал за неа од својот неколку години постар брат Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пеел, или шепотел, или липал, спиејќи. И така секоја ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)