Жан: За да ја спречи полицијата да се качи, или мене да ми го забрани симнувањето?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дали него што не беше виновен, или мене што бев виновна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не беше говорлив и не и рече: тој освен тебе, Марија број два, има и други, туку: „Остави го, или мене остави ме. Бесмислено е вака.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше очајна ако на сестра ми или мене ни тргнеше нешто наопаку и страдаше заради тоа. Едноставно, беше таква.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Многумина им се радуваа. Или мене така ми се причинуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-Но во случајов или ти не сфаќаш што ти зборувам, или мене ми дошле на гости привидите - реков и со рацете ѝ го свртив лицето на Пеперутката кон оградата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во секој случај не бев далеку од вистината инаку зошто од густите гранки на костените ќе се разлеваа како шумни водопади песните на револуцијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помина некое време. Настанот со праската го заборавивме. Или мене така ми се чинеше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)