Се разбуди на сред ноќ; уплашеното, вознемирено дишење продолжи да му одекнува во ушите – неговото сопствено или нечие друго?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не, не, ова со авионов мора да е некаква случајност. Или нечија грешка.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Сепак некои од луѓето можеле да наслушнуваат брзо чукање, скржлаво во звукот, тивко; тоа или земјата си го одбројувала крајот или нечие срце било пред молкнување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тишината и во мракот се удирале рогови; добитокот живеел со свој живот. Можеби се бранел од споменот на ланските муви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но изразот на неговото лице беше ужасно смешен, спореден со она на неговото пони.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)