АНТИЦА: Јас ви кажав „или тој што ме спаси ќе го земам или никој друг“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
— Или Неда, ако сака веќе татко да ме жени, или никоа! — ѝ натрати тој на Бисера, а која преку бабата Манџичица му го пренесе ова „попуштање“ на Крлета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Е, онаа ќе биде моја жена, беше му рекол Јон на Мирчета за мене, или онаа или никоја, рекол Јон тогаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
МАНЕ: Или ти или никој.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Така вели: „Таа, бабо Анчо, или никоја друга!“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Си велам не го личи сонот со император плачипутка со опроштение Дај сврти некаков друг сон похеројски и повесел сон Ама врти сучи Цезар сал туку ќе заплачеше Баш кога не очекуваш тогаш ќе заплачеше Дури најнакрај не се разбра дека цело време Цезар си го плаче претсказанието Оти само тој знаеше дека му истекува рокот на Или Цезар или никој
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)