Ваква или онаква, таа ќе биде таква... Неуспешно ќе испарува цел живот..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тоа не е ниту природна состојба ниту поединечна особеност, туку колективна појава, последица од општествената припадност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тоа не значи дека е избор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би можел дури и да кажам дека тоа е каков си се родил – во смисла на тоа дека ако си се родил и си растел во Америка, неминовно стануваш Американец, ваков или онаков, без разлика дали сакаш или не сакаш да станеш Американец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А субјективниот живот, инстинктите и интуициите нужно ќе ти ги обликува тоа што си Американец, ќе ти ги обликува поврзаноста со американската култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никогаш не сум мислел дека бидувањето геј, само по себе, ми налагало да бидам ваков или онаков, да ми се допаѓаат некои нешта, да уживам во одредени активности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, ќе дојде време, порано или подоцна, кога вложениот труд, на ваков или онаков начин, ќе се исплати.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)