или (сврз.) - тие (зам.)

Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие два расказа, или тие две приказни, јас ги чув кога бев дете, ги прочитав запишани од друг во второ време, ги запишав самиот кога остарев, речиси во трето време.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)