Тој го потенцира македонскиот национален идентитет „жителите не се ниту Грци, не се ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Игуменот продолжи, кркорејќи од старечката кашлица:
„Имај на ум и ова: секој што доаѓа на панаѓурот, било Грк, или Бугарин. или Србин, Латин, Арбанас, Влав, да ја плати законската такса.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Според него, нивниот македонизам не бил вештачки, „тоа е природно, спонтано и длабоко всадено чувство, кое почнува уште во детството, како и сите други патротизми“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)