Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури, филмот може да се посматра како една огромна олтарска композиција, налик на онаа на Гриневалд или браќата Ван Ајк, каде што централното пано го зазема богородицата со детето (од Макон).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неколку вдовици сакале веднаш да појдат со расплетени коси и да ги побараат пресните гробови на своите луѓе, да поклечат со наведнати глави и со запалени борини над покојниците, да ги прекорат што ги оставиле самохрани и со нејаки деца, да ги обележат местата со нишан што ќе се памети, еднаш, по некоја година, синовите или браќата или тие самите со кош да ги пренесат коските на мачениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Ти си или брат ти, му велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)