Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Зборови како вино, млеко или вода“, рече и подаде: „Тие зборови љубов покажуваат кон зборот пие“. „Добро“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Потреба. Како воздух или вода.“ Го сфати и се извитка, го остави сам на трева.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Келнерчето му го донесе шишето вино и пред него, со тропнување, постави чаша којашто била за пиво, за шприцер, за сок или вода но не и за вино.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како ги раскажувам соништата и кому
Клошарите со посвета
Предметите по употребата
и мислите, Соблекување или почеток
на разговорот и другите ненапишани песни
одрани налик на волот на Рембрант
крвта остава силен впечаток, нели
има боја, вкус и позадина
нели има свој пулс, своја група, свое месо
станува естетски предмет или вода
потаен жар се
од нив ми гори под нозете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Двете погалени Двете запалени И не знаеш: Дали жената Водата ја пали Или водата Жената ја гаси. Двете разголени Двете изгорени.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Совет: обидете се да го одбегнете неумереното пиење, пијте сокови или вода во паузите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)