Но во селото се ширеа разни вести: тè го виделе облечен во женски алишта, преправен во жена, зборувал како жена, и се однесувал како жена; скитал по селата и питал леб да се прехрани; тè го виделе подивен: облечен во кожа од мечка или волк и урликал, напаѓал на сè; тè го виделе каде што доаѓа ноќе дома му, преспивал, земал храна и рано во зорите пак бегал во планината.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога стигнавме до Домот и откако сосем се смирив, почнав да жалам што не сретнавме мечка, или волк, за да можам да им раскажувам на другарите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Татевото палто ќе го закачиме на столот и тоа ќе биде или волк или мечка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен питропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)