Како повреда при работа се сметаше и повредата причинета на опишаниот начин што осигуреникот ќе ја претрпи на редовниот пат од станот до местото на работата или обратно, на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинато по налог на работодавецот, како и користење право на преквалификација, доквалификација или вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При ваквите отпуштања работодавачот е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците најмалку еден месец пред почетокот на отпуштањата за начините и средствата за избегнување на колективните отпуштања, намалување на бројот на отпуштените работници или ублажување на последиците преку прибегнување кон соодветни социјални мерки за повторна обука или вработување на отпуштените работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Па така, како повреда при работа се сметаше повредата на осигуреникот причинета со непос редно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот – ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)