Или времето од осум години беше прекратко, или влијанието на Жешов, Виена и Берлин преголемо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако сè почна многу надежно. И пак: Сводот е покриен со сивокрили ангели со леден поглед... Не, во професорската канцеларија, седнати на удобните фотелји, рабините од семинаријата пијат чај во фин порцелан и зборуваат за него. ...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)