И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шаќир беше уште младо момче на дваесетина години, та како на стрико или вујко му бакна рака на постариот Толета, кој беше токму двапати постар од него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)