Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
ништото Зар стигнав До ништото Или Годините Со мене Така Се Шегуваат? ***
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Виде уште како овие девојки и невести и ласкаат на чешмата: „гостичката е млада", па си вели со умот: „Море, чекајте, орјатки, ќе а видите вие Рожденката по некој месец или година кога ќе се вов'чи, дале е стара или ќе се подмлади, пушка ќе ве вркне!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
– Веќе не знам колку време сум овде, колку месеци или години, но секој ден е полош од претходниот – рече и воздивна од длабочината на душата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)