За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)