Се однесува на процесот применет во правењето на втор примерок од одредена слика, скулптура, или дело на стакло, на кои големината и изгледот на оригиналот се реплицирани и објектот е верно реконструиран во поглед на тоа што ги повторува процесите и техниките употребени од самиот автор во изработката на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На пример, кога ќе седнам во Франција во TGV (воз Grand Vitesse), уживам гледајќи ги пределите: тие предели се, налик на Пикасовите дала или делата на Кле, уметност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Терминот “реконструкција”, од друга страна, подразбира прецизна и веродостојна копија на оригиналот, и не треба да се применува за редимејдите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)