Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)