А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, иако пародиите на геј-културата со женственоста може да ја онеприродуваат онаа конвенционална и општествено обезвреднета родова улога, ако ѝ го поткопуваат статусот на природна суштина и ако, наместо тоа, ја третираат како општествена изведба – дури иако гротескните карикатури на женственоста од страна на геј-културата понекогаш се намислени за остварување на токму таа цел – голем број жени може да чувствуваат дека цел на целата оваа родова пародија не е самата женственост, туку женскоста како таква.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби чувствуваат дека машката геј-агресија се насочува против самата состојба на суштествувањето како жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)