- Како? - Па вака: ти да си најдеш некоја со наместен стан, со перспективна работа, со национализиран мираз или имот, со специјализација во странство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој што со закана дека ќе напад- не врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла – ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Забранета е секоја злоупотреба на доминантната позиција од едно или повеќе претпријатија на релевантниот пазар или негов суштински дел (чл. 11, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако сторителот доброволно го отповика својот лажен исказ пред да се донесе правосилна одлука, може да се ослободи од казна (чл. 367, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)