А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се случуваше, кога одеше да ора некоја од нивите и ако не му го однеле навреме ручекот, да ја фрли тепсијата со ориз или компири од другата страна на нивата и по саат или два, кога ќе огладнеше, да оди и да го изеде ручекот!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)