Токму поетиката – општествената и формалната анализа на разните видови или конвенции на дискурс – е таа што, уште од Аристотела наваму, ни давала систематска анатомија на жанровите.
Определувајќи ја поетиката како категорија врз основа на која сум решил да ја врамам и насочам анализата, сакам да нагласам дека оваа студија пред сѐ ќе се сосредоточува на општествените и на културните облици во нивната позитивност, како автономни предмети на описот и на толкувањето и нема да ги сведува на обични изрази и производи на општествениот процес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)