2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Британскиот, американскиот и советскиот интерес спрема Македонија ќе се судрат во врска со прашањето за иднината на Македонија, односно околу прашањето за обединувањето на Македонија, Македонија како независна и суверена држава, Македонија во рамките на една балканска федерација или конфедерација или словенска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)